| четврток, 6 декември 2018 |

Марјан Лазовски: Не загубивме од Црна Гора, не победија судиите

Поранешниот македонски селектор, Марјан Лазовски во изјава за ТВ Сител само ја потврди од стручен аспект грешката на судиите при спорната ситуација во последниот напад на нашата репрезентација, кога не ни беше досуден регуларен кош што не чинеше пораз од 80-81 од Црна Гора.

„Не не победи Црна Гора, туку ова беше пораз со директна вина на судиите. Очигледно беше влечењето на мрежичката што според правилата е кош за составот што е во напад. Сепак ова е само почетен меч и треба што поскоро да го заборавиме поразот, да собереме сили за продолжението на шампионатот“, е изјавата на Лазовски.

Во текот на целиот меч судиите од Италија, Хрватска и Словенија имаа чуден критериум, многу често на наша штета. Дел од вината треба да ја бараме и во нашите редови, осоебно во лошата одбрана. Примивме многу поени, дури 81, што е недозволиво на ваков турнир. Сепак Македонија има квалитетни кошаркари за да се избори за едно од првите три места во Б групата во преостанатите 4 дуели со Литванија, Србија, БиХ и Летонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top