Црна Гора уште еднаш покажа дека ни е мошне незгоден противник во кошарка, но сепак Македонија по првиот дел води со 46-45. Браќата Шеховиќ, Суад и Сеад заедно со Вучевиќ и Дашиќ диктираа темпо и кога се чинеше дека ќе ја добија битката по првите 20 минути, македонските кошаркари се разбудија и со серија од 11-1 сепак заминаа со предност на паузата.
Кај нас Лестер Бо Мекејлеб и Дамјан Стојановски се расположени за игра, а одлично одигра и Владо Илиевски. Мекејлеб беше вистински лидер и не одржуваше во игра и кога не ни одеше, а тој е најефикасниот поединец засега со 14 поени. Во еден момент имавме и 11 поени негатива 34-45, но за среќа успеавме да се вратиме во игра. Дамјан Стојановски постигна 11 поени, а Илиевски уфрли 7.
Браќата Шеховиќ кај Црна Гора искомбинираа 18 поени, многу мака под кошевите ни задава центарот на Орландо меџик Никола Вучевиќ кој даде 7 поени, а Дашиќ постигна 6 коша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


