| четврток, 6 декември 2018 |

Легендарниот Џек Николсон оди во пензија, има проблеми со паметењето

По 50 години актерска кариера, славниот Џек Николсон одлучи да се пензионира. Актерската легенда Џек Николсон оди во пензија по 50 години кариера.

– Зад оваа одлука стои едноставна причина – тешкотии со паметењето. Прилично често, на својата 76-годишна возраст, Џек има проблеми со паметењето и не може да го запамети тектот кој се бара од него да го научи – рекол извор од Холивуд многу близок до славниот актер, кој својата кариера ја почнал во 1958 година со филмот „The Cry Baby Killer“.

Николсон беше номиниран за Оскар дванаесет пати, и има освоено три златни статуетки. Освои и седум Златни глобуси и во 2001 година ја прими почесната награда на центарот „Кенеди“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top