| четврток, 6 декември 2018 |

Модерна населба ќе никне на брегот на вештачкото езеро кај Прилеп

Ќе се гради модерна населба на брегот на вештачкото езеро кај Прилеп. Според најавите од Општината, во тек е изработката на детален урбанистички план за населбата која треба да биде готова за неколку години.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, вели дека во текот на следната година ќе почне постапката за давање на парцелите под концесија преку електронски аукции.

Прилепското вештачко езеро е изградено во 1964 година на Дабничка-Оревоечка Река со брана долга над 400 метри. Максималната должина на езерото изнесува 1,5 км, а зафаќа површина од 0,55 км. Водата се користи за наводнување на околу 6.200 хектари обработливо земјиште во прилепско поле. Околината на езерото, пак, е омилено излетичко место за прилепчани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top