Влатко Гроздановски се врати во фудбалскиот клуб Вардар, некако истовремено навивачката група „Комити“ го прекина бојкотот и ќе присуствува на натпреварите на шампионот во домашното првенство, а во нивна чест поранешниот репрезентативец ќе го носи дресот со број 87.
Во 1987 година симпатизери на Вардар ја формираа навивачката група „Комити“, што е дел од постојаниот декор на трибините на Градскиот стадион во Скопје, сегашна „Филип Втори“, веќе 26 година.
Во текот на оваа сезона, хард-кор фановите на шампионот имаа недоразбирање со Управата на клубот и ги бојкотираа натпреварите на „црвено-црните“, но со соопштение до медиумите, вчера објавија дека се враќаат на Западната трибина на стадионот крај Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.