| четврток, 6 декември 2018 |

Асанж ја тужи Германија

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, поднесе тужба за Германија обвинувајќи ја дека им дозволила на американски агенти да го следат во Берлин во 2009 година.

Асанж смета дека како последица на шпионирањето од страна на агенти од воената разузнавачка служба на САД, подоцна бил уапсен Бредли Менинг, кој сега е осуден на 35 години затвор поради предавање доверливи документи на „Викиликс“. Асанж истакнал дека е подготвен да сведочи од просториите на Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што е засолнет веќе 15 месеци.

Од Шведска, пак, австралискиот хакер побара да одговори што се случило со неговиот куфер што му бил украден на аеродромот во Стокхолм на 27 септември 2010 година. Во официјалната пријава до шведската полиција е наведено дека во куферот бил спакуван компјутер на кој биле снимени докази дека американските сили извршиле воени злосторства во Авганистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top