| четврток, 6 декември 2018 |

Асанж доби делумен пристап до интернет

Еквадор повторно овозможи делумен пристап до интернет за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој повеќе од шест години се наоѓа во зградата на амбасадата на таа земја во Лондон.

Оваа информација ја соопшти Викиликс и адвокатот на Асанж, Грег Барнс.

Комуникацијата со светот, на Асанж му беше прекината во март, бидејќи, како што тогаш соопштила Владата на Еквадор, тој на социјалните мрежи разговарал за прашања кои би можеле да нанесат штета на дипломатските односи на таа земја, а меѓу кои беше и дипломатската криза меѓу Лондон и Москва, како и сепаратизмот во Каталонија, пренесе Ројтерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top