| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс е како тенк, гази безмилосно до нов трофеј во Њујорк

Серена Вилијамс е пресилна за конкуренцијата и безмилосно ги гази противничките на последниот гранслем во Њујорк. Во четвртфиналето моќната Американка и подари „метла“ на Карла Суарез Наваро, совладувајќи ја со 6-0, 6-0 за само 54 минути игра. Серена ја брани титулата на Флешинг Медоуз и според начинот на кој игра е многу блиску до нов гранслем трофеј во Њујорк на САД опен. За пласман во финалето првата фаворитка на турнирот ќе игра со На Ли од Кина.

Кај мажите во сличен стил Новак Ѓоковиќ чекори кон завршницата, а ноќеска Србинот беше убедливо подобар од Марсел Гранолјерс, победувајќи со 6-3, 6-0, 6-0. Два сета без загубен гејм на гранслем турнир е резултат за респект, иако олеснителна околност за противникот од Шпанија е што беше уморен од претходните 3 меча на турнирот. Гранолјерс постојано играше маратонски мечеви на ова издание на САД опен, а во трите дуели во кои победи мораше да игра во пет сета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top