Потценета ли е Македонија во Јесенице или обложувалниците реално ја процениле силата на Перо Антиќ, Бо Мекејлеб, Владо Илиевски и останатите наши кошаркари со понуда од 6 коефициент, за освојување на првото место во Б групата на ЕП во Словенија. На вложени 100 денари, заработката е 600 денари, ако Македонија прва ја мине целта во конкуренција на Литванија, Србија, Црна Гора, БиХ и Летонија.
Прв фаворит според букмејкерите е Литванија со скромни 1,90, а зад нив е Србија со коефициент 3. Ние сме трет фаворит за врвот во Б групата, пред Црна Гора (7 коефициент), а БиХ со понуда од 30 коефициент и Летонија со педесетка се апсолутни аутсајдери.
Во конкуренција на 24 репрезентации, во играта кој ќе биде нов европски шампион, Македонија е рангирана како деветти фаворит, со коефициент 30. Актуелниот првак Шпанија повторно е број еден со понуда од обложувалниците од 2,40 коефициент за одбрана на титулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.