| четврток, 6 декември 2018 |

Одобрен новиот состав на српската Влада

Ivica-DacicПарламентот на Србија синоќа го одобри новиот состав на Владата. Поддршка му изразија 134 пратеници, 65 беа „против“ и 51 „воздржан“. Избрани се 11 нови министри.

– Повеќето членови не се членови на политички партии и пред тоа не се занимавале со политика, – изјави премиерот Ивица Дачиќ. Тој најави прва седница на Владата за денеска.
Со одобрувањето од Парламентот се стави крај на неколкумесечните расправии меѓу партиите во владејачката коалиција. Владата на Србија има 18 министерства и 22 члена.
Основна цел на реконструираната Влада, според премиерот Дачиќ, е да се забрза и промени Србија и покрај приоритетите како што се евроинтеграциите и економска обнова, да се направи државата помодерна, поефикасна, побезбедна и побогата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top