| четврток, 6 декември 2018 |

Надал се враќа во репрезентацијата

Рафаел Надал ќе биде предводник на шпанската тениска репрезентација во мечот против селекцијата на Украина.

Тој по двегодишна пауза ќе го облече дресот на „црвената фурија“ за да им помогне на своите соиграчи во борбата за опстанок во најелитната група од Дејвис купот. Последен пат Надал настапи за Шпанија во борбата за тронот и освојувањето на петтата тиутла во Дејвис купот.

Селекторот Алекс Коречја освен Надал на располагање ќе ги има и Фернандо Вердаско, Томи Робредо и Марк Лопез. Ќе недостасува Давид Ферер кој се чуствува преморен од многуте одиграни турнири и побарал одмор од репрезентацијата.

Мечот се игра од 13 до 15 септември на домашен терен, а шпанците одредиле да се игра на земјени терени кои ги прави фаворити против Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top