| четврток, 6 декември 2018 |

Холандска инвестиција во Струмица: Инфраструктурата е направена со пари од Владата

Kомплетната инфраструктура за локацијата каде ќе инвестира холандската компанија е направена со пари од Владата преку Агроберза – тврди Курир врз основа на документите до кои дошол порталот.

agro

– На 30-ти октомври 2008 година е склучен договор за наплата на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објектот „Агроберза“ во Струмица. Според договорот, Агроберза исплаќа надоместок во висина од 52.231.520 денари, од кои Агроберза се обврзува да исплати 32.118.875 денари веднаш по потпишувањето на договорот, додека останатата сума од над 20 милиони денари треба да ја исплати Министерствотоза земјоделство, шумарство и водостопанство, за што ќе се склучи посебен договор. Овие средства Општина Струмица треба да ги искористи за изградба на улица и изградба на мост. Потписник на овој договор е лично Зоран Заев. Со договорот од 3-ти декември 2008 година помеѓу Агроберза и Општина Струмица застапувана од Зоран Заев, Агроберза се обврзува на општината да и исплати над 20 милиони денари, надоместок кој е остаток од вкупниот надоместок кој изнесува вкупно 52.231.520 денари. Врз основа на овој договор, Општина Струмица средствата добиени по основ на исплатениот надоместок треба да ги искористи за атмосферска канализација, фекална канализација, водовод, улично осветлување, тротоар и експропријации. Потписник на договорот е лично Зоран Заев – пишува Курир и додава:

-Во октомври 2008 година е склучен договор за јавна набавка за дислокација на воздушни далноводи од надземни во подземни водови по границите на локацијата помеѓу Агроберза и компанијата „Мобил-ел“. Трошоците и за овој потфат ги сносува Агроберза.

agro1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top