Следниот Избор за песна на Евровизија, чиј домаќин ќе биде Данска, ќе се одржи во Копенхаген од 6 до 10 мај 2014 година
Како што е соопштено на официјалната интернет страница на Евросонгот, натреварувањето ќе се одржи во копенхагенската сала „B&W“.
Организацијата на Евросонгот 2014 на Данска и припадна поради Емели де Форест, која и ја донесе победата на овогодишниот Избор за песна на Евовизија, што се одржа во шведскиот град Малме.
Оваа година на овој престижен настан Македонија ќе ја претставува една од најталентираните пејачки во регионов, Тијана Дапчевиќ која освен кај нас, позната и афирмирана е и на балканската музичка сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


