| четврток, 6 декември 2018 |

На локалитетот Стоби доделени 12 лиценци на конзерватори за метални, дрвени и керамички предмети

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска на археолошкиот локалитет Стоби им ги врачи лиценци на 12 конзерватори.

Првите лиценцирани кионзерватори (по двајца од Битола, Охрид, Скопје и Кавадарци, и по еден од Штип, Виница, Кочани и Велес) се археолози, архитекти, историчари на уметноста и уметници кои повеќе години практично се ангажирани во конзерваторската област и се занимаваат со заштита на предмети од дрво, керамика, камена пластика, метал, накит, камен и стакло, мозаици, искони и други сликарски дела, како и на архитектонско културно наследство.

Лиценците ги стекнаа со полагање стручен испит за познавање на прописите за непосредна заштита на културните добра, што е долг, тежок и специфичен процесс.

Министерката Канческа-Милевска рече дека заштитата на културното наследство е во приоритетите на Владата и затоа се преземени мерки за негова систематска конзервација, идентификација, истажување, документација и промоција.

– Како најважен сегмент во областа на заштитата на културното наследство секако е конзервацијата на движните и недвижните добра од областа на археологијата, архитектурата, етнологијата и книжниот фонд. Сето ова бара специфичен третман, со цел културните добра да бидат непосредно заштитетни, да ги задржат автентичните карактерстики и да бидат адекватно презентирани. Токму од тие причини, институциите кои се занимаваат со заштита и презентација на културното наследство имаат потреба од едуциран стручен кадар кој ќе ги следи и применува современите трендови во заштитата – рече министерката за култура.

Доделувањето конезрваторска лиценца од Министерството за култура е утврдено со  Законот за заштита на културното наследство. Таа им се издава на лица со високо образование од областа на заштитата кое бара поседување лиценца (архитектура, статика, ликовна или применета уметност, технологија, хемија, физика, биохемија или друга соодветна споецијалност).

Министерката информираше дека до крајот на годнава ќе има вработувања на конзерватори во институциите и ги советуваше да ги следат конкурсите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top