| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: Македонија има два избора – изолација или интеграција

goran-kol-09-ahmeti-na-govornica4

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, утре има средба со грчкиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Венизелос. Пред средбата Ахмети за „Вест“ изјави дека целта на неговата дипломатска активност е да се избегне изолација и да се обезбеди интеграција.

– Сметам дека Македонија се наоѓа пред историски избор од два правци: интеграција или изолација. Изолацијата носи голема ранливост и неизвесна иднина за сите нас додека интеграцијата носи безбедна иднина и ни обезбедува напредок. Јас и моите сопартијци ја одбравме интеграцијата и затоа вчера бев во Вашингтон, а денес се наоѓам во Атина и решен сум да одам секаде каде што е потребно за да се постигне оваа највисока цел и притоа ние само ја вршиме нашата работа затоа што тоа претставува наша обврска – изјави за „Вест“ претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пред неговата средба со грчкиот министер за надворешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top