Тенисерката Серена Вилијамс, е горда што има најголеми гради меѓу конкурентките на ВТА-листата.
„Пораснав со неколку сестри, меѓу кои бев најмлада и најдебела. Венус и тогаш беше висока и витка, па детството во друштво на слаби луѓе беше кошмар за мене. Особено што бев спортистка. Но, научив како да го сакам своето тело иако ми требаше време за тоа и сега сум навистина горда на своите облини и на фактот што сум тенисерка со најголеми гради. Ниту една друга не може да се пофали со такво нешто“, вели Вилијамс.
Во женскиот тенис со градите се справува кој како ќе посака. Така неодамна Романката Симона Халеп со операција ги намали, за да биде побрза , па првото место на листата „нај-гради на тениските терени“ и го остави на Серена. Дотогаш таа важеше за убедливо првопласирана во оваа категорија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


