| четврток, 6 декември 2018 |

Поедноставни услови за поевтини кредити за нови работни места

aleksandar gorgiev

 

Владата значително ги поедностави условите за доделување евтини финансиски средства на компаниите за отворање нови работни места.

Портпаролот Александар Ѓорѓиев соопшти дека за добивање кредит ќе биде доволно фирмите да имаат само еден вработен, а не најмалку двајца како досега. Исто така, лицето кое фирмата планира да го вработи, не мора да е на евиденцијата на Агенцијата за вработување минимум три месеци, шест или година, туку само еден ден.

– Со ова се проширува основата на трговските субјекти кои може да аплицираат за евтините кредити. Освен нови вработувања, ќе се овозможи и проширување на дејноста, рече Ѓеорќиев.
Владината мерка за кредитирање на компаниите е воведена од почетокот на годинава. Предвидува одобрување 3.000 евра заем за секое вработување или вкупно 9.000 евра за најмногу три лица.

Досега се реализирани три огласи на кои се одобрени кредити за над 250 лица. Со измените кои ги поедноставуваат условите за добивање кредит, се очекува драстично зголемување на оваа бројка, оцени портпаролот Ѓорѓиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top