Кој ја договори инвестицијата на холандската компанија во Струмица?! Струмичкиот градоначалник Зоран Заев вчера ја промовираше инвестицијата на компанијата за производство на цвеќе која ќе гради расадо-производство на цвеќе во индустриската зона во близина на Струмица. Најави дека се работи за компанија која ќе вработи околу 250 работници.
Претседателот на македонската Влада, Никола Груевскина 27 јуни во интервју за весникот Дневник ја спомена истата инвестиција .
-Освен ова, една друга холандска компанија нè извести дека донела одлука за инвестирање во Струмица во изградба на лаборатории за семенски материјал каде што планираат вработувања на приближно 300 луѓе во период од три години, рече Груевски тогаш.
И министерот без ресор Веле Самак кој бил вклучен во преговорите со холандската компанија вчера во вестите на Сител изрази изненаденост од промоцијата на инвестицијата од страна на Заев.
Тој со прецизни бројки, факти и аргументи образложувајќи го целокупниот процес на привлекување на оваа странска компанија од страна на Владата го демантираше во целост пресот на Заев сметајќи дека се работи за обид за манипулација.
Според Самак преставниците на компанијата од Холандија во повеќе наврати биле директно во Владата на координативни состаноци со него, со вицепремиерот Пешевски и со премиерот Груевски, при што биле договорени повеќе конкретни работи кои биле од интерес за одлуката на компанијата да инвестира во нашата земја. По тие разговори пред извесен период бил потпишан договор помеѓу Владата и компанијата за државна помош која изнесува над еден милион евра за оваа компанија даинвестираа во Македонија, а исто така Владата согласно законот обезбедила даночни олеснувања за да се реализира оваа инвестиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.