| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки утре на промоција пред домашната публика

Женскиот ракометен клуб Вардар ги заврши подготовките, а утре од 18 часот во арената „Борис Трајковски“ ќе ја има промоцијата во новата сезона пред својата публика. „Црвено-црните“ под палката на спонзорот Сергеј Самсоненко создадоа вистински дрим-тим со многу ѕвезди од калибарот на Лекиќ, Радичевиќ, Хмирова, Дембеле, Пино, Лејно, Зебиќ, Николиќ и уште неколку одлични ракометарки, а прв тест е дуелот со Даниловград во Регионалната лига.

Предмалку заврши и последниот тренинг пред стартот на новата сезона, а Индира Кастратовиќ има слатки маки да го одреди составот за утрешниот меч. Најважно за ЖРК Вардар е победнички да го мине квалификацискиот турнир во Салерно и да се пласира во фазата во групи. Дуелите од филтер рундата за пат кон елитата се играат на 14 и 15 септември. Задутре и Металург ја почнува одисејата во Регионалната лига, а прв противник е Крим Меркатор во Љубљана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top