| четврток, 6 декември 2018 |

Девојката што го „растура“ Гугл (Фото)

brinrosenberg_29082013_google
По веста што го заврти светот за љубовната врска на коосновачот на „Гугл“ Сергеј Брин  (40) со младата маркетинг- менаџерка Аманда Розенберг (27), многумина побрзаа да најдат која е таа млада жена обвинета за растурање на бракот на челникот на една од најмоќните компании во светот.

Аманда лани слетала во Сан Франциско од Лондон, била вработена во централата на „Гугл“. Набрзо станала главен промотор на „гугл- глас“, а се шпекулира дека токму тогаш ја почнува аферата со Брин.

amanda_30082013_twittergoogle Ех, веста не би била вест, ако нема изјава и од нејзината стара љубов, кој вели дека „секогаш знаела да го употреби изгледот“.

– Многу е вешта во изигрување на момци, а ме изигра и мене – вели тој за медиумите.

Интересно е што Брин не ѝ е прв љубовник- директор на „Гугл“. По доаѓањето од Лондон, таа била во врска со друг директор во компанијата, Хаг Бар, кој неодамна објави дека го напушта „Гугл“ за да работи за една кинеска компанија.
amanda1_30082013_twittergoogle

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top