Kaвадарчаните И.Ј.(20), Ј.К.(14), Х.П.(16), Ќ.К.(15) и А.З.(17), си заработија кривични пријави откако претепале двајца фудбалери на Вардар Неготино.
Како што информираат од полицијата, попладнето на 20 август петемина насилници со уште 20-30 лица влегле на теренот на Градскиот стадион во Кавадарци, додека се одржувал фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК Тиквеш Кавадарци и ФК Вардар Неготино, и физички нападнале двајца играчи на Вардар.
Фудбалерите биле удирани со тупаници по телата и си заработиле телесни повреди. Насилниците заработија кривични пријави за насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



