| четврток, 6 декември 2018 |

Проекции

adrapo-sparai-90x115

Колумнист:
Адрапо Спараи

Се чу­дам на на­ив­но­ста и на пли­тко­ум­но­ста на одре­де­ни пер­со­ни од на­ше­то ба­нал­но се­којд­не­вие, кои сво­ја­та не­сре­ќа и фру­стри­ра­ност ја транс­по­ни­ра­ат во па­то­ло­шка омра­за кон дру­ги­от, по­и­на­кви­от во сво­и­те иде­о­ло­шко-по­ли­тич­ки пре­фе­рен­ции. Да се би­де по­и­на­ков во кој би­ло пог­лед е не­што со­се­ма при­род­но и нор­мал­но, но овие чуд­ни не­среќ­ни­ци ре­ши­ле, со ма­ни­ја­кал­на омра­за кон сѐ што се отк­ло­ну­ва од нив­на­та не­о­бол­ше­ви­стич­ка то­та­ли­тар­на дог­ма, да би­де прос­ле­де­но со нај­др­зок оди­ум при што не се из­би­ра­ат средс­тва и се дви­жат од про­стач­ка ре­то­ри­ка до за­ка­ни за жи­во­тот.

На­ви­сти­на е жал­но чо­век да гле­да во нив­на­та ду­хов­на и ин­те­ле­кту­ал­на ми­зе­ри­ја, но тие се тол­ку агре­сив­ни и сле­пи за сопс­тве­но­то ни­во на ко­му­ни­ка­ци­ја, што чо­век мо­ра да по­сег­не по из­вес­ни мер­ки на од­бра­на, за кол­ку-тол­ку да се спа­си или изо­ли­ра од нив­но­то лу­дач­ко на­сто­ју­ва­ње да ги пла­си­ра­ат сво­и­те не­до­вет­ни и пли­тко­ум­ни ко­мен­та­ри кон тој што им ста­на цел и фи­кса­ци­ја, а ко­го ни­ту го раз­би­ра­ат, а ни­ту, пак, тој са­ка или се оби­ду­ва да им експ­ли­ци­ра, од про­ста при­чи­на што се страш­но не­при­јат­ни, не­ар­ти­ку­ли­ра­ни, без до­во­лен ин­те­ле­кту­а­лен ка­па­ци­тет за отво­ре­на и ци­ви­ли­зи­ра­на ко­му­ни­ка­ци­ја и, на кра­јот за­бе­ле­жу­вам – тие се ис­пол­не­ти со не­ве­ро­ја­тен кван­тум зло­ба, што уште по­ве­ќе раз­о­ча­ру­ва и ги пра­ви не­по­жел­ни во се­кој слу­чај.

Ед­на бу­ди­стич­ка му­дрост ве­ли: „Го гле­даш тоа што го но­сиш во се­бе“. Оваа суп­тил­на де­кон­струк­ци­ја на ма­ни­ја­кал­на­та пси­хо-па­то­ло­ги­ја е нај­бр­зи­от зен-бу­ди­стич­ки од­го­вор на кој мо­жат да по­ра­бо­тат со сво­и­те ког­ни­тив­ни ме­ха­низ­ми ка­ко на пре­циз­на ди­јаг­но­за во од­нос на сопс­тве­на­та ду­шев­на бо­лест, ко­ја еве ве­ќе еви­дент­но се ма­ни­фе­сти­ра и на јав­на­та сце­на. Не­мај­ќи си­ла да се со­о­чат со ре­ал­но­ста, ко­ја ста­на­ла не­по­вол­на по нив из­не­су­вај­ќи ја на ви­де­ли­на нив­на­та нес­по­соб­ност, ба­нал­ност и не­моќ, тие се за­ле­ту­ва­ат кон из­ве­сен гра­ѓа­нин, чи­и­што ста­во­ви се по­и­на­кви од нив­ни­те и, со не­чо­ве­чен бес и де­мон­ска зло­ба се оби­ду­ва­ат да му на­не­сат кол­ку што е мож­но по­ве­ќе зло мис­леј­ќи де­ка еден ва­ков чин ќе им ги олес­ни ма­ки­те со кои се со­о­чу­ва­ат се­којд­нев­но, а чиј­што из­вор на овие гр­до­тии и ужас е во са­ми­те нив. За­тоа пог­лед­не­те во се­бе­си пред да пог­лед­не­те во дру­ги­от.

Ко­га ко­ја би­ло лич­ност што не ма­ни­фе­сти­ра бли­скост со ва­ши­те по­тро­ше­ни, без­вред­ни пог­ле­ди на не­шта­та (а во чи­ја­што зад­ни­на е се­ко­гаш ва­ша­та ани­мал­на се­бич­ност) ќе ја под­ло­жи­те на без­о­бра­зен под­бив или ко­га со нај­про­стач­ка ре­то­ри­ка ќе се оби­де­те да ја де­гра­ди­ра­те на нај­ни­ско мож­но ни­во, то­гаш се­те­те се де­ка тоа е ва­ша­та про­ек­ци­ја, ко­ја по­стои во вас са­ми­те, а вие са­мо ја ек­сте­о­ри­зи­ра­те за по­до­бро да ја по­ка­же­те це­ла­та бе­да и гр­до­ти­ја на ва­ша­та има­ги­на­ци­ја.

Впро­чем, одам­на ве поз­на­вам вас и ва­ша­та сор­та и, ква­ли­те­тот на ва­ша­та без­ум­ност не ми е туѓ, но мно­гу ме чу­ди таа ва­ша стра­те­ги­ја што ја ко­ри­сти­те, а тоа е ме­сто да ја зат­скри­е­те ва­ша­та ду­хов­на ми­зе­ри­ја со ди­стан­ца, молк и тр­пе­ние, вие нес­по­соб­ни ду­ри и за нај­ор­ди­нар­ни­те доб­ле­сти се исту­ра­те и бру­ка­те со сво­ја­та жи­во­тин­ска омра­за пред дел од ма­ке­дон­ска­та јав­ност. Тоа за вас мо­же да би­де фа­тал­но. По­точ­но, да го за­гу­би­те и тоа мал­ку чо­веч­ко до­сто­инс­тво што оста­на­ло во вас. Мо­же­би тоа е и це­лос­но за­гу­бе­но су­деј­ќи по ва­ши­те гру­би иска­зи, по ва­ша­та про­стач­ка ре­то­ри­ка, по ва­ши­те кри­ми­нал­ни за­ка­ни.

Но, ту­ка не се ра­бо­ти за страв. Ту­ка се ра­бо­ти за таж­но чув­ство, што тол­ку се спу­шти­вте ни­ско кон не­вку­сот и ги­бел­та на омра­за­та. Зо­што ка­ко што е ка­жа­но во Све­то­то пис­мо – „чо­ве­ка не го гна­си тоа што ќе го вне­се во уста­та, ту­ку тоа што ќе из­ле­зе од уста­та“, а вие из­не­со­вте тол­ку га­до­сти од ва­ши­те усти, што ни­ед­на во­да не мо­же да го из­мие тоа.

Отсе­ко­гаш сум се чу­дел од ка­де тол­ку др­скост кај тол­ку ин­фе­ри­ор­ни лу­ѓе. Но, тоа е ка­ко не­ка­ков тип ком­пен­за­ци­ја, таа чуд­на од­врат­на под­мол­ност што ка­ко сан­та мраз се крие под во­да­та, а са­мо тој мал дел на ва­ша­та ци­нич­ност е на ви­де­ли­на. Таа сит­на ку­ка­вич­ка ци­нич­ност не­ко­гаш ви да­ва­ше мал по­е­ти­чен авто­ри­тет, но де­нес ко­га са­ми на ви­де­ли­на ја рас­про­стре­вте це­ла­та ва­ша тај­на при­ро­да, ва­ши­те тај­ни мис­ли и скри­е­ни­те емо­ции, се­га е сѐ тол­ку јас­но и сѐ до­а­ѓа на сво­е­то ме­сто, се­га го гле­дам тоа што по­ра­но са­мо го на­се­ту­вав, а во це­ла­та сво­ја ем­па­тич­ност кон ва­ша­та не­среќ­на праз­ни­на и ба­нал­ност го по­тис­ну­вав и от­стра­ну­вав од сво­и­те мис­ли ка­ко оп­ци­ја за разг­ле­ду­ва­ње и ана­ли­за. Но, тоа што го по­тис­ну­ва­те во сво­ја­та пот­свест, ко­га и да е, ќе из­бие на пла­нот на ре­ал­но­ста и тоа на најф­ла­гран­тен и нај­е­ви­ден­тен на­чин.

И што се­га? Бе­зо­браз­но е да би­де­те со­жа­лу­ва­ни иа­ко го зас­лу­жу­ва­те тоа. Мо­же­би ва­ша­та зло­ба е са­мо обид да се де­фо­ку­си­ра со­жа­лу­ва­ње­то во бор­ба. Но вие не сте ни­ти до­стој­ни за прес­ме­тка од ка­ков би­ло доб­ле­сен тип ни­ту, пак, има­те ка­па­ци­те­ти за овој пре­диз­вик.

Прем­но­гу гад­ни и др­ски за со­жа­лу­ва­ње и прем­но­гу не­моќ­ни и ми­зер­ни за бор­ба. Ете та­ква е ва­ша­та ре­ал­ност.

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top