Страшно добра акција на триото Атман, Вугринец, Георгиевски со завршница и двоен цепелин ја крена публиката во „Борис Трајковски“ на нозе во првиот дел од мечот меѓу Металург и ПИК Сегед. Завршницата е за големиот ракометен маг, Ренато Вугринец, а заслугите одат на сметка на целиот тим на Металург. Коментар и не е потребен, само погледнете го видеото од најубавата ракометна акција во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


