| четврток, 6 декември 2018 |

Догодина кафе на Порта Македонија

Porta-makedonijaСкопјани ќе пијат кафе на Порта Македонија догодина. Министерството за култура се уште бара закупец за терасата на врвот на портата. Откако првиот оглас пропадна оти не се јави ниту една фирма, пред два месеци беше распишан нов тендер, на кој се пријавија две фирми.

– Се уште не можеме да кажеме кој е закупец на терасата на портата и колкава ќе биде киријата која ќе ја наплатуваме, бидејќи во моментот трае жалбената постапка. Очекуваме брзо да завршат овие формалности. Имајќи предвид дека летната сезона ќе заврши, најверојатно кафулето ќе почне со работа догодина – велат за Вест од Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top