| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер победнички тргна кон шеста титула на САД опен

Роже Федерер немаше проблеми на премиерниот меч за него на 82 издание на САД опен и со макимални 3-0 во сетови ја почна новата авантура на еден од неговите омилени турнири. Во Њујорк Роже има освоено 5 трофеи, но нема шампионакс круна од 2008 година. На стартот Швајцарецот мина рутински против Грега Жемља од Словенија.

Изненадување направи Португалецот Соуза со елиминација на фаворитот од сенка Григор Димитров. Бугаринот падна во 5 сета и ќе почека нова шанса за докажување во Њујорк. Слична судбина, но во многу покус меч, во само три сета доживеа и Јержи Јанович. Полјакот кој блесна на Вимблдон, сега испадна во првата рунда со пораз од 4-6, 4-6, 2-6 против Марк Гонзалес, тенисер што е специјалист за игра на земја.

Во женска конкуренција мини изненадување е поарзот на Надја Петрова некогашната топ-5 тенисерка од Израелката Глушко. Останатите фаворитки се пласираа во второто коло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top