| четврток, 6 декември 2018 |

Битка до последен здив за Шалке, ПАОК, Легија и Стеауа

Битка до последен здив ги очекува Шалке 04 во Солун против ПАОК и Легија на домашен терен во Варшава против Стеауа. Влогот е голем тежи најмалку 8 милиони евра, а значи пласман во Лигата на шампионите. Арсенал, Базел и Австрија Виена имаат огромна предност пред вечерашните реванш дуели од плајоф фазата и се речиси сигурни учесници во елитната лига.

Шалке 04 со многу проблеми и повредени играчи посакува да ја прескокне жешката „Тумба“, стадион  на ПАОК што е речиси неосвоива тврдина, но вечерва од 20,45 часот ќе биде сосема поинаку. Грците ќе ја немаат подршката од навивачите, поради одуката на УЕФА да се игра пред празни трибини. Германците одиграа само 1-1 на првиот дуел во Гелзенкирхен, не им игра најдобриот стрелец Хунтелар, во аут е и Колашинац и уште неколку важни играчи, но тие се познати по својата победничка филозофија. Мечот е од висок ризик, поради инцидентите во Гелзенкирхен со македонското знаме. Домаќините ги предводи поранешниот стратег на Шалке 04 Хуб Стивенс, а за ПАОк нема да настапи Лазар.

Идентичен е резултато пред реваншот меѓу Легија и Стеауа. Романците пропуштија низа шанси на првиот дуел во Букурешт и сега без предност ќе го почнат вечерашниот меч. Не им игра еден од главните адути Пинтилии, под знак прашалник е и Кирикеш, но Романците имаат и резерви за успех и пласман во ЛШ. Легија има одличен резултат и без примен гол е сигурен патник во елитата, а и кај нив има проблеми со навивачите. Едната трибина на стадионот ќе биде празна повторно по препорака на УЕФА.

Неизвесност најавува и Динамо, иако „модрите“ од Загреб најавија подвиг во Виена и анулирање на домашната негатива од првиот меч од 0-2 со Австрија. Мотив плус ќе им бидат и ветените премии од 2 милиони евра од Здравко Мамиќ.

Арсенал има само рутинска задача со Фенербахче, по победата од 3-0 во Истанбул, а и Базел е пресилен за Лудогорец, што го потѕврди со триумф од 3-1 во Бугарија, минатата недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top