На aвтобусот со кој фудбалерите на Шалке 04 патуваа од солунскиот аеродром до хотелот во кој се сместени немаше никакви симболи на клубот од Гелзенкирхен, со цел да не се предизвикаат несакани реакции од грчките навивачи на ПАОК, јави дописникот на МИА од Грција.
Како мерка за безбедност, на сивиот автобус немало никакви ознаки, освен мала лепенка на предното стакло.
На првиот меч од плeјоф-фазата во Лигата на шампионите меѓу Шалке 04 и ПАОК игран на арената „Велтинс“, германските навивачи го развиорија знамето од Кутлеш, по што дојде до инцидент на трибините. Според германските медиуми, грчкиот делегат на натпреварот кога го видел знамето побарале да биде острането, па полицијата морала да интервенира.
Тоа не им се допадна на фановите на Шалке, па навивачката група УГЕ, која е збратимена со Вардаровите навивачи „Комити“, застанала во одбрана на знамето. Како резултат на инцидентот, хоспитализирани се околу 50 навивачи. За грчките медиуми целта на германските навивачи била да ги испровоцираат грчките фанови на ПАОК, но и фудбалерите. Претставниците на ПАОК биле лути поради „инцидентот“ и непријатно изненадени од постапката на Германците.
Под наслов „Загриженост поради грчките навивачи – Шалке 04 оди со камуфлиран автобус“, германски „Билд“ денеска ја објавува и изјавата на генералниот менаџер на Шалке 04, Хорст Хелд, според кој тимот не сака да провоцира со своите заштитни бои.
– Се разбира ќе имаме и придружба и ќе биде интересно да видиме како ќе нѐ пречекаат – додал Хелд. Вечерва од 20.45 часот на стадионот „Тумба“ во Солун нема да има публика, како засилена мерка за безбедност што ја донесе УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)