Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се јавил само во три прилики за време на заседавањето на Комисијата за извештајот за 24 декември, тврди „Курир“ повикувајќи се на свои извори.
При неговото прво обраќање, пишува порталот, никој не го разбрал новиот лидер на СДСМ што сака да каже, по што членовите на Комисијата меѓусебно се прашувале која била поентата на струмичкиот градоначаланик.
– Во втората пригода, Заев се обидел да им стави до знаење на присутните дека тој е посилен од поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, па се пофалил дека 24 декември никогаш не го спомнал во кампањата, а сепак успеал да победи на локалните избори. При овие негови зборови иако тој добил знаци дека ваквите ставови можат да стигнат до стариот лидер на СДСМ преку неговата блиска соработничка Рената Дескоска, сепак Заев не сфатил за што станува збор и продолжил со фалењето – стои во натписот на порталот.
Третото јавување, како што тврди „Курир“, повеќе од симболично, користејќи ги зборовите „треба да си простиме“.
– Тоа било сѐ од новиот претседател на СДСМ. Заев останал без зборови кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, му кажал „знаеш ти што се договоривме, јас, ти и Борче Давитковски“ во смисла да нема правни квалификации.
Понатаму порталот тврди дека Заев во најважниот дел од преговорите дошол до вратата на неколку метри од преговарачите и излегол, оставајќи ја неговата заменичка Радмила Шекеринска да преговара. За тоа време тој седел со новинарите на само неколку метри од важниот состанок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.