Претставниците на навивачките групи „Комити“, кои го поддржуваат Вардар, и „Уге“, кои навиваат за Шалке 04, најавија присуство во Солун на реванш натпреварот меѓу ПАОК и Шалке 04, но УЕФА забрани присуство на симпатизери. И воопшто на стадионот „Тумба“ во Солун, каде што ќе се игра мечот, ќе нема публика, односно ќе се игра пред празни трибини.
Мечот е од висок ризик, а одлуката на УЕФА мора да се почитува. На првиот натпревар во Гелзенкирхен, македонско знаме со симболите од Вергина, предизвика вистински хаос. Навивачите на Шалке, кои се збратимени со „Комити“, меѓу останатите транспаренти имаа и наше знаме на трибината, а по барање на делегатот полицијата се обиде да го одземе. Настана вистинска мешаница, полицијата со прекумерна употреба на сила се обиде да го одземе знамето, но не успеа. Имаше и повредени навивачи и полицајци, а целиот случај доби и политички димензии.
За да се спречи поголема ескалација и за да се избегне евентуална пресметка на навивачите, УЕФА забрани нивно присуство на реваншот што ќе се игра вечерва во Солун од 20.45 часот. Првиот меч заврши нерешено 1-1. Конечниот победник ќе игра во фазата по групи во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


