| четврток, 6 декември 2018 |

Бенџамин Батон во Индија: момче има 14 години, а изгледа како старец

Индиецот  Али Хусеин Кан има само 14 години а изгледа како старец. Момчето заболело од ретка неизлечива болест прогерија, од која осум пати побрзо се старее. Единствен е се уште жив меѓу своите шест браќа и сестри. Истото заболување убило двајца негови браќа и три сестри. Тој се надева, ако преживее дека ќе се најде лек за неговата болест.

Момчето е едно од 80 заболени во светот. Али има само десет килограми и висок е 117 сантиметри.

-Многу би сакал да живеам. Се надевам дека научниците бараат лек за мојата болест. Лично не се плашам од смртта, но моите родители многу пропатија и би сакал да живеам подолго заради нив- вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top