Шпанецот Валеро Ривера го заслужи признанието за најдобар ракометен тренер на планетата, во изборот на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ). Право на глас имаа симпатизерите на ракометната игра, новинарите и експерти што ги назначи ИХФ.
Ривера ја предводеше машката селекција на Шпанија до златниот медал на СП, а доби 33 проценти од гласовите, за 6 повеќе од Клод Онеста, селекторот на Франција. Онеста е легенда во ракометот, а со „триколорите“ го освои златниот медал на Летните олимписки игри во Лондон. Третото место му припадна на претходниот лауреат Улрик Вилбек, селектор на Данска.
Во женскиот ракомет Торир Хергеирсон е избран за број 1 ракометен стручњак за ланската сезона, пред Данецот Мортен Субак и Драган Аџиќ, селектор на Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.