| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ќе ги следи коцкарите што трошат во македонските казина

SONY DSC

 

Грчките власти ќе ги следат и ќе ги снимаат Грците што се коцкаат во Македонија и во Бугарија, објавуваат грчките медиуми, пренесува „Канал 5“.

Според весникот „Ангелиофорос“, ова е новиот план на властите за борба со затајувачите на данок, но и за да се спречи дополнително излевање пари од земјата.

Проценките се дека околу 15 милиони евра, грчки пари, месечно се излеваат во соседните земји, не само во казината, туку и на бензиските пумпи, на пазарите и во супермаркетите.

Во опширната анализа, солунскиот весник открива детали и сведочења на коцкари, но и членови на нивните фамилии.

Ниските цени, бесплатни услуги и анонимноста се главните причини, според „Ангелиофорос“, зошто Грците ги посетуваат петте македонските казина кои се наоѓаат во близина на граничниот премин.

Според податоците на Стопанската комора од Кукуш, најмалку 5.000 Грци секоја седмица ги посетуваат македонските казина. Просечно трошат по 100 евра од човек, а тоа неделно изнесува 500.000 евра, односно 2 милиони месечно. На годишно ниво, 250.000 Грци ја посетуваат Македонија и трошат 25 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top