Изостана вообичаениот гламур на Светски економски форум оваа година заради сериозните проблеми со кои се соочува светот, нагласи основачот на форумот Клаус Шваб.
Во Давос годинава доминираше економијата, со посебен осврт на промовирање на економскиот раст и вработеноста, посебно меѓу младите, кои во светот ги има околу 220 милиони без работа.
ММФ наведува дека Кина, Африка и другите економии во развој би можеле да забележат значителен раст, но дека Јапонија, земјите од еврозоната и САД најверојатно ќе се борат со нискиот или негативен еконосмки раст.
Иако САД ја избегнаа т.н. „фискална бездна“, а стравувањата околу распадот на еврозоната се намалија, и натаму постои загриженост дека владите би можеле да ги ублажат мерките за штедење, за да го поттикнат економскиот раст и да ги намалат долговите.
Шефот на ММФ Кристин Лагард предупреди дека „ нестабилно заздравување“ зависи од „правилните одлуки“ на лидерите на еврозоната, САД и Јапонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сорос порача од Давос: Изброени му се деновите на „Фејсбук“
-
Британија ќе излезе во петок, во понеделник пак ќе влезе во ЕУ- уште едно предвидување на СОРОС
-
Сорос отворено повика на обединување во борба за зачувување на неговото Отворено општество
-
Сорос предвидува: ЕУ нема да се распадне, но нема да и биде подобро ниту под руска доминација (видео)


