| четврток, 6 декември 2018 |

Сорос предвидува: ЕУ нема да се распадне, но нема да и биде подобро ниту под руска доминација (видео)

Џорџ Сорос, милионерот и берзантски шпекулант, на економскиот форум во Давос предвиде дека Европската Унија нема да се распадне, но предупреди на Русија и Путин.

Предвидувањата за нејзино распаѓање се претерани, вели Сорос. Тоа тој го образложи со оценките дека ниту Путин, ниту Кина, секој со свои побуди, посакуваат Европа да се дезинтегрира.

-На Кина и треба Еу како пазар, а на Путин и треба Еу за да продуцира нешто. Режимот на Путин е единствено способен да експлоатира природни ресурси и и треба Европа за да ја снабдува со тој капацитет. Затоа Европа нема да се дезинтегрира. Но, со потпаѓање под доминацијата на Русија со Путин, ќе биде уништување и потценување на сите вредности за кои што Европа се залага. Затоа, нема да биде многу подобро за Европа ако се стави под руска доминација или ако се дезинтегрира- предвидува Сорос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top