Македонскиот ракометен првак Вардар е победник на турнирот во Белорусија, чиј домаќин беше Брест Мешков, а во последниот меч „црвено-црните“ со 26-23 беа подобри од Запорожје. Поразот на Брест од Чеховски Медведи му го обезбеди трофејот на нашиот тим.
Вардар си заработи и награда од 5 илјади евра, а второпласираната екипа на Чеховски Медведи доби чек на 3 илјади евра. Ракометарот на Вардар, Владимир Петриќ ја заслужи наградата најдобар ракометар на турнирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


