Хоризонт Турново го доби дербито со Вардар и победи со 2-0 во меч на двете најдобри екипи од ланската сезона. Во рамките на 4 коло од Првата фудбалска лига, турновци славеа со головите на Наумчевски во 62 и на Блажевски во 66 минута. Вицешампионот апсолутно заслужено го победи првакот Вардар, екипа што игра бледо и досега освои само 5 бода.
Во последното коло од ланското првенство во директен дуел за титулата Вардар го декласира ривалот со 5-0, па сега Турново се реваншираше со победа.
Хит на стартот од новиот шампионат е Брегалница. Во Штип денеска падна Пелистер, а победата на домаќините у убедлива, иако од раната фаза играа со фудбалер помалку по исклучувањето на Ступиќ. Бреаглница славеше со 3-0 со головите на Илиев, Стојанов и Здравков и заедно со Турново го дели врвот со 10 бода.
На прагот на подвиг беше новиот прволигаш Еуромилк против силниот Работнички, но на крајот гостите од Горно Лисиче мораа да се задоволат со бод, иако имаа предност од 2-0. Бујчевски со два гола најави изненадување, а на 2-2 израмнија Велковски од пенал и Зајков. Без голови завршија натпреварите Гостивар – Шкендија и Металург против Напредок, а Ренова ја победија Македонија Ѓ.П. и ја закова на дното без бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


