Не одиме на иѕбори ако нема спреоведување на мартовскиот договор според кој ВМРО-ДПМНЕ се согласи да направи корекција на изборнто законодавство според ОБСЕ и ОДИХР и да се прочисти избирачкиот список. Ако тоа го нема СДСМ нема да учествува на крининални избори – изјави денеска потпретседателката на најголемата опозициона партија, Радмила Шекеринска на прес-конференцијата сфикана откако премиерот Никола Груевски најави дека утре ќе распише предвремени парламентарни избори на 13 октомври.
Таа наглас:
– Ниту првата, ниту втората опција за решение на проблемот со недонесувањето на извештај од страна на ад хок Комисијата, кои наводно ги нуди премиерот Груевски, немаат врска со евроинтеграциите ниту пак со Извештајот на Европската комисија.
Шекеринска ги повика Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да прифатат дека со бркањето на новинарите од собраниската сала е прекршен уставот и е повредено правото на информирање. Со тоа, нагласи таа, треба да се финишира работата на Комисијата за расветлување на настаните од 24 декември.
-Со идејата да се формулираат два извештаи на Комисијата, еден според ставовите на СДСМ и вториот според ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа, кој победи на избори неговиот да се прифати се дискредитира работата на Комисијата и на нејзиниот претседател Борче Давитковски и се прави неодговорен обид за вовед на партиски директиви наместо политички аргументи – додаде Шекеринска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.