На саемот во Истанбул деновиве беа претставени туристичките потенцијали и можности со кои располага Македонија.Голем дел од коучесниците на саемот во Турција ги дефинирале работите што ги имале започнато за оваа сезона, па треба да се очекува зголемен број на турски туристи, посочува директорот Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Јордан Трајков.
– Интересот од страна на туристите од Турција е многу голем, а тоа се должи пред се заради семејната поврзаност, но и поради тоа што сакаат да го следат нашето културно наследство, од кое се воодушевени. Природните убавини се уште една причина поради која од кружните туристички тури организирани низ Балканот, најмногу време сакаат да поминат во нашата земја, вели Трајков.
Според генералниот конзул на Република Македонија во Истанбул, Зерин Абаз, штандот на Македонија на саемот за туризам во Истанбул, секоја година бележи континуиран раст на посетители и излагачи.
– Штандот визуелно ги привлекуваше посетителите, особено со присуство на фотографијата на Мустафа Кемал Ататурк. Мора да се пофали ангажманот на АППТ за преводот на промотивните материјали на турски јазик, што е еден од клучните фактори, истакна Абаз.
Претходно, туристичкиот потенцијал на Македонија беше претставен на саеми во Холандија, Австрија, Финска и Полска, а до крајот на годинава предвидени се презентации на уште 17 саеми за туризам во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.