| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ако минатите избори биле криминални, Заев победил на криминален начин

Новото раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев и Радмима Шекеринска во изминатите три месеци се обиде да одгуми, би рекол успешно, независнот од вечниот лидер Бранко Црвенкоски, но дојде крај на таа приказна. Деструктивноста повторно се врати. Пуштија многу сплетки по медиумите, ние молчевме обидувајќи се да најдеме решение. Бевме крајно конструктивни и спремни за компромис заради националните интереси и европските аспирации. СДСМ купуваше време и пушташе во јавност невистини – рече Никола Груевски на денешната прес-конференција, на која најави дека во понеделник ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори, доколку утре партиите не се договорат околу извештајот за 24 декември.

Премиерот смета дека на 24 декември Бранко Црвенковски го турнал СДСМ во пет месеци претходно смислено сценарио за насилно преземање на власта преку блокирање на институциите и создавање длабока политичка криза во која СДСМ се надевала на гласови од народот од создадениот хаос. Вели СДСМ со насилство во Парламентот го блокираше носењето на буџетот, создаде хаос во и пред парламентот, се обиде со толпа од 3000 партиски приврзаници да влезат во Собранието, но не успеаа. Интервенциите на службите во Собранието биле уставни и законски, уште еднаш се заштитил уставот на државата.

-На 24 декември Бранко Црвенковски го втруна СДСМ во 5 месеци планирано сценарио. Се надеваше на гласови во создадениот хаос. Не знам дали некого ова го потсетува на неговото враќање после конфликтот од 2001 година. Но овој пат имаа поинаков противник. Се спротивставивме согласно Уставот. Интервенцијата на службите беше легитимна, законска и во насока на заштита на Уставот. Присуството на новинарите е само пракса и не е регулирана со пишан документ а нивното отстранување беше дел од поширока безбедносна стратегија. таму имаше и партиски активисти кои се претставуваа како новинари. Јавноста се обезбеди преку директниот пренос – рече Премиерот.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи тој, беше и е дека дека 24 декември беше ден кога законски се одбрани и заштити уставот и парламентот на Република Македонија и дека СДСМ го прекрши Уставот, блокирајќи го Парламентот и спречувајќи го во неговата работа.

Груевски рече дека за време на преговорите биле подготвени да попуштат само во интерес на државата но СДСМ одел со максималистички барања.

-За време на преговорите сепак, најголем дел од овие наши ставови се согласивме да не влезат во извештајот. Знаевме дека нема да прифатат реален извештај. Кога го виде ова креаторот на 24 декември и се исплаши дека ќе има Договор со новото раководство. По ова СДСМ излезе со сосема нова позиција, дека не само што тие ќе бидат амнестирани туку ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат проглесени за виновни. Со оглед на тоа што сме најголема партија и имаме за противник расштиман оркестар решивме покажеме ширина, да им попуштиме. Но џабе. Бараа експлицитно да стои дека сме го прекршиле Уставот а нашите претставници во комисијата да гласаат за тоа и да го потпишат. Тоа е кога личниот интерес се става над државниот. Тоа е Бранко Црвенковски. На средбата во вторникот ги потсетив дека три месеци по 24 декември имавме локални избори и на крајот резултатот беше 58 наспрема 4 градоначалници. Им кажав дека од ова секој разумен политичар би извлекол заклучок. Им реков дека повторно можеме да распишеме избори за да го прашаме народот – изјави Никола Груевски.

Премиерот вели дека прифатиле формулации кои некои ќе ги сфателе како вина на ВМРО-ДПМНЕ, ризикувале, но мислеле вреди со цел да се добие за државата. Но на СДСМ и тоа не им било доволно. Побарале експлицитно да стои дека Власта го прекршила уставот.

На обвинувањата од страна на Зоран Заев дека минатите избори биле криминални и немаат намера да учествуваат на уште едни криминални избори одговори:

-Ако Зоран Заев рекол дека минатите биле криминални, значи победил на криминален начин. Тој победи на тие избори.

Негира дека запнале во преговорите кај новинарите, понудиле коректни 20 решение, СДСМ не прифатиле ниту едно, а лажеле дека владејачката партија таму запнала.

-Не прифатиме одговорност за уставно прекршување со изнесувањето на пратениците. Тоа го пласираа во јавноста за да се покажат демек нешто размислувале за пратениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top