Николче Новески и неговиот тим Мајнц имаат прекрасен старт во новата сезона од Бундеслигата и со максимален учинок од 3 победи и 9 бода го делат врвот со шампионот Баерн, Борусија Дортмунд и со Баер Леверкузен.
Попладнево одбраната на Мајнц предводена од искусниот Новески не прими гол, на противничката страна стрелците двапати ја затресоа мрежата на Волфсбург за победа од 2-0. Идентичен триумф забележа и европскиот и германски првак Баерн, а отпорот на лутиот ривал од Баварија Нирнберг беше скршен во вториот дел. Рибери и Робен беа прецизни за трета победа на тимот од Минхен. Во првиот дел Алаба промаши пенал за уште поубедлива победа на Баерн.
Обележје на денешните 5 дуели од Бунделсигата неочекувано беа црвените картони. Ги имаше дури 7, а најмногу по 3 на натпреварите меѓу Хофенхајм и Фрајбург (3-3) и Хановер и Шалке 04 (2-1). Баер Леверкузен на домашен терен беше поуспешен од Борусија Менхенгладбах со 4-2. Од 18,30 играат Херта и Хамбургер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија


