| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки подобри од Мец за финале во Ѓер

Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција, Вардар ја забележа и втората победа на турнирот во Ѓер и утре ќе игра во финалето против домашниот тим или Лајпциг. Вардарки со 28-23 беа подобри од Мец, што им е втора победа на ракометната фиеста во Ѓер по вчерашната против Крим Меркатор со 29-22.

Настапот на овој турнир е дел од подготовките за квалификациските дуели на Вардар во салерно што ќе се играат кон средината на идниот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top