Луис Хамилтон ќе ја има привилегијата да тргне од пол-позицијата на утрешната трка во формула 1 во Белгија, по денешното најбрзо време на официјалниот тренинг. На патеката Спа Франкошамп Британецот возеше најдобро, а зад него остана двоецот од Ред Бул, Себастијан фетел и Марк Вебер. Добриот настап на Мерцедес за кој вози Хамилтон го доплни и Нико Розберг со четврто најбрзо време попладнево. Трката стартува утре од 14 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


