| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва завршува „Битфест“ со „Мадригали“ и Дадо Топиќ

Битолското културно лето вечерва ќе заврши со концертот на групата „Мадригали“ и Дадо Топиќ. Со овој концерт групата „Мадригали“, легендата на рок сцената, групата со највеќе хитови од 70 тите ќе потсети на едно прекрасно време…
„Групата е комплетно подготвена со сите материјали кои ги свиревме…Имаме и зајакнување на групата. Тука е Љупчо Стојчевски, покрај Бојсот и сите други, имаме солистичка вокална група „Феникс“. Има некои композиции со малку понов аранжман. Ги подготвивме и сите композиции кои треба да ги пее Дадо Топиќ…, изјави Миле Шерденковски од група Мадригали.

„Македонија“, „Елизабет“, „Дали знаш да те волим“….се дел од музичката понуда на Дадо Топиќ, додека „Македонски рок“, „Зошто човек сум мал“, „Здраво млади“, „Моја Битола“, Плати една дупла и мрш да те нема“…и многу други хитови на Мадригали ќе направат уште една прекрасна вечер на БИТ ФЕСТ.

„Голема чест и задоволство е да бидам покрај овие луѓе, затоа што јас не сум дел од групата, но многу ја слушав нивната музика. Ја поздравувам нивната идеја затоа што мислам дека ова што тие го прават не го направаил никој досега. Битола го има најдолгото, најдоброто и содржински најбогатото културно лето. Само Битола може да си го пружи задоволството со свои луѓе и да го затвори фестивалот. Битола може да си го пружи задоволството да ги направи најубавите музички и театарски содржини со свои луѓе. Со наша организација и наши уметници. Овојпат ги имаме Мадригали, верувам на задоволство на сите наши граѓани“, изјави Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top