| четврток, 6 декември 2018 |

Хамбург го фати возот што води во Лигата на шампионите

Актуелниот европски шампион Хамбург ќе ја брани титулата, откако со победа од 27-26 во реваншот против Фуксе Берлин се проби во групната фаза од Лигата на шампионите. Првиот меч заврши во Берлин нерешено 30-30, па така Хамбург и во претстојната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Фуксе пропушти одлична шанса, бидејќи имаше четири гола предност на полувремето, во еден период од мечот дури и пет гола позитива, но пресвртот се случи во последните две минути од средбата. Хамбург  успеа да стигне до предност, а потоа и на крајот да победи.
Најефикасен во тимот на Хамбург беше Пфахл со шест гола, Линдберг постигна пет погодоци, а кај Фуксе Берлин Петерсен даде осум гола, а  Захрисон 7.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top