Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев вечерва ги посети новинарите кои што цел ден се во исчекување на резултатите од разговорите во Комисијата за 24 Декември која преговара засилена со високи партиски претставници на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ.
Целта на Заев е да им даде поддршка на претставниците на медиумите но логично се поставува прашањето зошто лидерот на СДСМ не собра доволно храброст да влезе во Клубот на пратениците да им даде поддршка и на членовите на комисијата кои што исто толку време заседаваат во обид да најдат излез од ќорсокакот во кој западна македонската политика.
Иако беше првично најавено тој денеска не се појави во Клубот на пратениците на состанокот на комисијата.
Зошто Заев собра сили да ги посети новинарите но не и да демонстрира политичка одговорност и зрелост со тоа што ќе влезе во Клубот на пратениците на состанокот на комисијата.
Во моментов Комисијата е на пауза по што се очекува таа да продолжи со работа. Доколку вечерва членовите на комисијата не се согласат за финалниот извештај на комисијата се поизвесно е дека Македонија во Ноември ќе добие негативен изештај од ЕК а со тоа се отвара можноста за повлекување на препораката за преговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


