Нашите најдобри кошаркари направија сензација на турнирот во Улм, Германија совладувајќи ја во меч со пресврт фаворизираната селекција на Грција со 77-75 ( 34-40).
Иако во еден момент губевме со 9 поени разлика сепак со одлична серија од 16-6 успеавме да дојдеме до водство од 74-73 кое на крајот го претворивме во победа.
Најдобар поединец во нашиот тим беше Мекејлеб со 25 поени.
Антиќ постигна 16, В.Стојановски 11, Илиевски 10 и Чековски 9. Тоа беше и петорката која го понесе теретот на овој исцрпувачки меч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.