| четврток, 6 декември 2018 |

Марадона јуниор ќе игра за Нови Пазар

Синот на легендарниот фудбалски ас Диего Армандо Марадона ќе игра за српскиот прволигаш Нови Пазар, објави „Танјуг“. Диего Синагра Марадона и раководството на Нови Пазар се во преговори речиси цел месец, а подршка за трансфер на синот има и од Диего Армандо. Тој наводно бил воодушевен од атмосферата на натпреварите што Нови Пазар ги игра дома и сето тоа го потсетувало на времињата кога играше во Неапол за Наполи. Синагра е роден токму таму и е вонбрачен син на прославениот ас, а има 26 години. Моментно игра за клуб од третата италијанска лига и е извонредно ефикасен со 19 погодоци на претходните 23 натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top