Обложувалниците ѝ даваат огромна предност во однос еден со три во корист на грчката кошаркарска репрезентација, која е фаворит против Македонија вечерва во Улм. За победа на нашите јужни соседи коефициентите се движат од 1,25 до 1,35, што значи дека на влог од 100 евра ако победи Грција, ќе заработите најмногу 135 евра. Македонија во тој однос е апсолутен аутсајдер со убави коефициенти меѓу 3,50 и 3,60.
Влијание во одредување на коефициентите има квалитетот на репрезентацииите секако според проценката на обложувалниците, но и моментната форма. Грција нема пораз на 5 подготвителни меча, додека Македонија загуби 6 од седумтте подготвителни дуели.
Сепак, коефициентите беа слични, ако не и полоши, за Македонија на минатото ЕП во Литванија, па сепак ја растуривме Грција со 72-58 и потоа стигнавме и до битката за медал, но загубивме од Русија минимално во меч за бронзата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.