Во септември археолози ќе почнат со археолошки ископувања на некрополите во Хераклеја, а ќе се истражува на парцела откупена од Министерството за култура на Република Македонија, простор кој досега не бил истражуван. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Виктор Лилчиќ, го посетија локалитетот Хераклеја каде што во изминатиот период археолозите открија голем број значајни наоди.
Министерката за култура при посетата истакна дека овие мозаици, по кои е препознатлива Хераклеја, се многу возбудливо откритие и се од исклучително значење за збогатување на сознанијата во македонската археолошка наука. Таа додаде дека со годинашните ископувања се инвентаризирани над 400 наоди, многу фрагменти од фрескоживописи, фрагменти од керамички садови и многу монети, чија анализа ќе ја трасираат временската рамка на базиликата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците