| четврток, 6 декември 2018 |

Книжевен бум: Хитлер се врати со 500.000 примероци во Германија

Дебитантскиот роман на минхенскиот автор се преведува на 27 јазици а се најавува и филмско сценарио. Зошто фељтоните не му можат ништо на овој роман?

Тој уште е тука. На врвот на топ листата на бестселери на „Spiegel“, пред Адлер-Олсен, или Коелјо или Фолет, стои името Тимур Вермеш со црвени букви. И тоа веќе со месеци. Делото со работен наслов „Види кој се врати“ на минхенскиот автор во повеќе наврати постигна изненадувачки успех во тековната сезона која почна минатата есен со Саемот на книгата во Франкфурт.

За некои тоа се само голи бројки. Изминатите пет месеци се продадоа речиси 400.000 книги со карактеристичниот тврд повез и со фризурата на патец. Се очекува бројката да достигне половина милион, плус 150.000 примероци на аудиокнигата, во изведба на Кристоф Марија Хербст, и многуте симнувањата од интернет. Во моментов книгата се преведува на 27 јазици од македонски до кинески.

Наскоро се очекува филм

Во разговор со „Абендцајтунг“, Вермеш потврди дека се продадени и правата за филмско сценарио, но ништо повеќе не зборуваше околу тоа.

Повторно темата е Хитлер, не мртвиот туку Хитлер кој летото 2011 се разбудил жив среде Берлин и Хитлер-демагог – кој прави телевизиска кариера.

Дали читателот успеа да ја проголта логичката грешка дека Хитлер 66 години ги поминал некаде недопрен и непроменет или е растрган помеѓу опасниот вртлог на забавното и на одвратното, со заморна дистанца или принудна близина? Тимур Вермеш раскажува во прво лице.

Читателот се приземјува во главата на Хитлер, ги чита неговите мисли, ги знае неговите чувства, дури се фаќа себеси како сочувствува со него, го исмева но понекогаш и се смее со него и во најдобар случај ќе се засрами поради тоа.

Веќе со месеци се дискутира за книгата

Што се однесува до реакциите објавени за оваа книга на почетокот: не беа лоши, нив едноставно ги немаше.

Откако романот почна да се искачува на топ листите на читаност германската медиумска јавност се воздржуваше од коментари. Најпрво Истфорт Фолкер од „Абендцајтунг“ и Оливер Јунген од „ФАЦ“ сметаа дека книгата е релативно смешна но и прилично долга.

„Штерн“ пак ја откри книгата три месеци по нејзиното појавување и сметаше дека е „невкусна“. „Зидојче Цајтунг“ молчеше уште три недели а потоа клубот на етичари пресуди: „понижувачки“ и „изненадувачки политички наивно“. Четири недели пред ова книгата за прв пат се искачи на првото место на листата на „Шпигел“. Но кога е во прашање Хитлер и националсоцијализмот секогаш постои извесен сомнеж да се изнесе јавното мислење.

Првиот роман на поранешниот новинар на „Абендцајтунг“

Најголемо изненадување овде сепак е што Види кој се врати е прв роман на 45-годишниот Тимур Вермеш. Очигледно родениот нирнбернжанец научил како да пишува.

Најпрво во „Абендцајтунг“, каде израсна во уредник, во келнски „Експрес“ пишуваше социјално-политички прашања за едно женско списание како и за „Шпигел онлајн“.

Понатаму како коавтор или гоустрајтер, како што го нарекуваат, се грижеше за животните приказни на Михаел Хирте, човекот со усната хармоника, или Пенимен Амин, човекот со модели. Но да се пишува биографии за денешните познати фаци не е исто како да се пишува биографија за најголемиот убиец на дваесеттиот век, во роман од речиси 400 страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top